Здружението „Мозочен удар“ како невладина, неполитичка и непрофитна организација, функционира од 2014 година и претставува прва од ваков тип во Македонија

СТАТУТ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

СТАТУТ (МК)         STATUTE (EN)

Програма за работа на Здружението за 2016 година

 

Активности на Здружението:

11. Мај 2017 год. во Европскиот Парламент, во Брисел, Белгија, се оддржа Првиот ЕУ Самит за мозочен удар, инициран и организиран од Stroke Alliance for Europe (SAFE) и European Stroke Organization (ESO).
Прочитајте повеќе за овој значаен настан и резултатите од студијата Товар на Мозочниот удар. (Прочитај повеќе...)

        

____________________________________________________________

- На 06.07.2016 - во Охрид, Јавна активност - превентивни прегледи за ризик фактори. Трибина во Дом на култура.

____________________________________________________________

- На 29.06.2016 - Средба со пензионерите од Општина Штип. Извршени над 40 превентивни прегледи за одредување на ризикот од мозочен удар- крвен притисок, гликемија во крв и ЕКГ. Одржана и трибина на тема мозочен удар. Пензионерите задоволни од превентивните прегледи, би сакале почесто да се организираат вакви активности.

Благодарност до тимот на Здружението од Штип под водство на др. Елена: Татијана, Мариче, Виолета, Maрина, Емилија, Оливер, Александар, Христина, Марија и Натали.

____________________________________________________________

- На 06 и 07 Јуни 2016 - во Скопје се одржа регионална конференција на SAFE (Stroke Alliance of Europe) - Европска алијанса за мозочен удар.

Учествуваа претставници од Здруженијата од Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Полска, Холандија, претседстелот на САФЕ, како и делегација од Здружението "Мозочен Удар" од Македонија.

Целта на конференцијата беше да се зајакне соработката помеѓу регионалните здруженија со иста мисија, да се разменат идеи и решенија за проблемите на мозочниот удар во регионот и да се развијат планови за заеднички проекти.

Сите земји од регионот активно се вклучени во борбата против мозочниот удар, но сепак треба уште многу да се работи на унапредување на јавната свест за превенцијата на мозочниот удар, потребата од брзо препознавање на знаците на мозочен удар, како и рушење на митовите за негов третман и рехабилитација.

                 

____________________________________________________________

- На 04.06.2016 - во 11 часот во Центарот за култура - Охрид, Отворена трибина на тема „Мозочен удар“ со две предавања „Мозочен удар и третман на мозочен удар“ и „Физикална терапија и рехабилитација по мозочниот удар, очекувања и комликации“. Предавачи на трибината ќе бидат д-р Маја Божиновска Смическа - специјалист невролог од Специјалната болница „Св.Еразмо“ и д-р Гордана Коњаноска - специјалист по физикална
терапија и рехабилитација од Заводот за кардиоваскуларна рехабилитација „Св.Стефан“.